Пелистер ја наполни мрежата на Тиквеш

Пелистер со убедливи 40-23 го совлада Тиквеш во Битола, Охрид со 43-21 беше подобар од Радовиш во натпревари од 12. коло во македонската ракометна Суперлига.

Во најголемиот дел од првиот дел Тиквеш беше рамноправен противник на Пелистер, но фаворитот се одлепи пред крајот на првото полувреме кое го доби со 18-13.

Вториот дел помина во уште поголема доминација на битолчани кои немаа милост кон противникот и на крајот славеа со 40-23.

Најефикасни кај Пелистер беа Радивојевиќ и Петар Атанасијевиќ со по седум гола, во составот на Тиквеш Кривокапиќ постигна шест погодоци.

Охрид славеше уште поубедлива победа, тие со 43-21 го совладаа тимот на Радовиш.