Македонија утре ќе биде посилна, Димитријевиќ се приклучи на репрезентацијата
Најдобриот македонски кошаркар, Ненад Димитријевиќ е во Клаипеда заедно со останатите репрезентативци кои се подготвуваат за утрешниот дуел против Литванија.
Со оглед на квалитетите кои ги има Димитријевиќ, составот на Јончевски ќе биде значително посилен од оној кој настапи во Скопје.
Димитријевиќ го пропушти првиот меч поради настап за Милано Олимпија Армани во Евролигата.
Утрешниот меч меѓу Литванија и Македонија почнува од 18:30 часот со директен пренос на Спорт Клуб 4.