Пол и Тајсон суспендирани по нивната борба во Тексас

Џејк Пол славеше против Мајк Тајсон со судиска одлука по нивната борба во Тексас пред 70.000 фанови, по што двајцата боксери беа суспендирани поради правилата кои ги следи одделот за лиценцирање во Тексас.

Боксерскиот пар ќе мора да отслужи суспензија од 24 дена по завршување на борбата од осум рунди, меѓутоа тоа речиси и да не значи ништо затоа што боксерите дефинитивно не би влегле повторно во рингот за помалку од еден месец.