Кирјос предложи револуционерни промени во тенисот

Еден од најконтроверзните тенисери во светот, Ник Кирјос даде интересен предлог за промена на правилата на гренслем-турнирите.

Австралискиот тенисер со грчко потекло смета дека на сите четири турнири треба да се играат натпреварите на два добиени сетови.

Досега сите натпревари се играа на три добиени сета, а Кирјос смета дека со оваа промена би се зголемил интересот за дуелите уште од првото коло.

„Сите тенисери би имале шанси да ги победат фаворитите. Кога ќе освоите еден сет, ви недостига само уште еден за триумф. Многу е потешко ако треба да освоите уште два“, кажа Кирјос.