Барселона ќе потроши 80 милиони евра за наследникот на Левандовски

Полскиот напаѓач Роберт Левандовски игра во одлична форма и со 14 голови е лидер во шпанската Ла Лига, но Барселона веќе бара негов наследник.

Шпанските медиуми објавија дека 24-годишниот фудбалер Џонатан Дејвид е на врвот на листата со желби на каталонскиот гигант.

Дејвис оваа сезона запиша 13 голови во 19 настапи за Лил, а со тоа го привлече интересот на Барселона која е подготвена да плати до 80 милиони евра за неговите услуги.