Аморим веќе договорил засилување од Реал Мадрид!?

Португалскиот тренер Рубен Аморим неодамна седна на кормилото на Манчестер јунајтед и веднаш почна да прави планови за иднината на премиерлигашот, кој има лош почеток на сезоната.

Аморим сака неколку засилувања во следниот период, а наводно веќе договорил еден фудбалер од Реал Мадрид.

Англиските медиуми пишуваат дека „црвените ѓаволи“ почнале преговори со Едуардо Камавинга, кој бил расположен да се пресели на „Олд Трафорд“.

Вредноста на Камавинга според „Трансфермаркт“ е 100 милиони евра во моментов, но засега не е познато колку пари се подготвени да платат „ѓаволите“.