Хари Кејн го подобри рекордот на Халанд во Бундеслигата!

Англискиот репрезентативец, Хари Кејн, го собори рекордот на Ерлинг Халанд, откако во вчерашниот натпревар за Баерн Минхен против Аугсбург постигна хет-трик, со што стана фудбалер кој најбрзо стигнал до 50 голови во германската Бундеслига.

Тој ја достигна магичната граница за само 43 одиграни натпревари, надминувајќи го рекордот на норвешкото „чудо од дете“, кој истиот учинок го оствари за 50 натпревари.

Од неговото доаѓање во Баерн Минхен минатото лето, Кејн има импресивен учинок од 64 голови на 62 натпревари во сите натпреварувања. Дополнително, тој е и најдобриот стрелец во историјата на англиската репрезентација, со 69 голови на 103 одиграни натпревари.