Поранешен фудбалер на Валенсија загина во поплавите во Шпанија!
Тој кариерата ја започна во младинската школа на Валенсија, беше почитуван и остави значаен белег во тимот. По трагичната вест, клубот изрази жалење за неговата загуба.
„Валенсија длабоко жали за смртта на Хозе Кастиље, кој беше дел од нашата Академија и настапуваше и за други клубови,“ соопштија од клубот, пренесувајќи сочувство до семејството и пријателите.
Со изрази на сочувство се огласи и неговиот поранешен клуб Елденсе.
„Елденсе искрено жали за загубата на Хозе Кастиље, кој играше за нашиот тим во сезоната 2015/16. Изразуваме длабоко сочувство до неговото семејство,“ соопшти клубот.
Кастиљехо остави белег и во други клубови од пониските лиги, вклучувајќи ги Патерна, Буњол, Колон, Рода, Торе Леванте и Виљамарант. Поплавите во Валенсија однесоа над 150 животи, оставајќи траен белег на регионот.