Дејан Георгиевски со сребро ја отвори новата сезона

Maкедонскиот најдобар таеквондист, Дејан Георгиевски со сребрен медал ја отвори новата сезона.

Георгиевски до среброто на турнирот во Тирана Г1 Опен стигна со две победи откако ги победи Насо од Италија и Плонис од Белорусија. Подобар од македонскиот таеквондист во финалето беше Гркот Сотирос.

Во финалето Георгиевски се борел и со мала повреда за која е најавено дека брзо ќе биде санирана и нема да му прави проблеми во продолжение од сезоната.