Манчестер Јунајтед повторно разочара: Тотнем лесно славеше на „Олд Трафорд“ (ВИДЕО)

Манчестер Јунајтед им приреди ново разочарување на своите навивачи откако денеска Тотнем славеше победа од 0-3 на „Олд Трафорд“.

Манчестер Јунајтед им приреди ново разочарување на своите навивачи откако денеска Тотнем славеше победа од 0-3 на „Олд Трафорд“.

Разочарувањето за „црвените ѓаволи“ беше најавено уште во третата минута кога Ван де Ван му асистираше на Џонсон кој го товори резултатот. Работата за Јунајтед стана потешка во завршницата кога Бруно Фернандеш по еден старт заработи директен црвен картон и предвреме го заврши натпреварот.

Со минимална предност Тотнем замина на паузата. По само две минути игра во второто полувреме Кулушевски зголеми на 0-2.

По тој гол на Тотнем гледавме и еден период во кој Јунајтед создаде неколку прилики, но мрежата на Викарио не се затресе. Конечните 0-3 во 77. минута ги постави Доминик Соланке.

За Манчестер Јунајтед ова е веќе трет пораз во првите шест кола во кои имаат уште две победи и едно реми.