Јунајтед не блеска со Тотнем, но навивачите ќе бидат бесни и на судењето (ВИДЕО)

Во рамките од шестото коло англиската Премиер лига, Манчестер Јунајтед го пречека Тотнем, а гостинскиот тим во овој момент има предност од 0-2.

Но, навивачите на Манчестер Јунајтед сигурно ќе имаат забелешка за судењето во овој натпревар.

Спорен е црвениот картон на Бруно Фернандеш кој беше испратен во соблекувалната пред крајот на првото полувреме.

Но, ќе се коментира сигурно и играњето со рака на Ромеро во сопствениот шеснаесетник во второто полувреме.