Билбао со несреќен автогол во 93. минута остана без победа против Севиља (ВИДЕО)

Aтлетик Билбао и Севиља одиграа реми 1-1 во рамките од шестото коло во шпанската Примера.

Трагичар за Билбао беше голманот Алекс Падиља кој немаше среќа и си постигна автогол во 93 минута и така тимот од Андалузија дојде до бод.

Билбао водеше со 1-0 од првото полувреме, а погоди Микел Јаурегизар. Севиља во вториот дел испрати четири удари, а израмнувањето дојде во последните секунди.

Севиља така дојде до деветтиот бод во сезоната, додека Билбао со 14 е на четвртата позиција.