Мирков поднесе оставка по поразот од Работнички, Шкупи ќе има нов тренер

Екипата на Шкупи во наредниот период ќе добие нов тренер биејќи Матија Мирков поднел оставка по денешниот пораз од Работнички со 2-1.

Мирков на клупата на Шкупи дојде пред само околу еден месец кога го наследи Ернест Ѓока, но не успеа да донесе подобри резултати.

„Сакам да се заблагодарам на моите исграчи и целиот персонал во клубот што ми дадоа доверба да работам со нив скоро четири години. Ова беше период полн со подеими и падови. За мене беше задоволство и секогаш давав 100% затоа што навистина уживав. Дојде време да ни се разделат патиштата и сакам да им посакам среќа на сите ов клубот и се најдобро во иднина. Чувајте ги главите момци, светла иднина е пред вас“, објави Мирков на социјалните мрежи.

Наследникот на Мирков ќе биде трет тренер на Шкупи од стартот на сезоната. На табелата по осум кола Шкупи има девет бода и се наоѓа на седмата позиција.