Повеќе нема дилеми: Шчесни потпишува за Барселона, закажани и прегледите!

Иако се чека, трансферот на Војчех Шчесни и дефинитивно ќе се реализира, потврди денеска италијанскиот експерт за трансфери Фабрицио Романо.

Италијанецот најави дека се закажани медицинските прегледи, а Ла Лига веќе ја проверила ситуацијата и потврдила дека Барселона има финансии да го ангажира.

Шчесни во Барселона би требало да пристигне во текот на утрешниот ден. Своите услови со каталонскиот клуб полскиот голман ги договори уште претходно во текот на неделата.