Скопското дерби меѓу Работнички и Шкупи заврши со победа на „романтичарите“ од 2-1 во осмото коло на македонската Прва Лига.

Али Регба во 38. минута баше стрелец на првиот гол за екипата од Дебар Маало, додека водството Работнички го зголеми со автоголот на Пинтер.

Чаирчани се обидоа во продолжение да ја вратат неизвесноста и Стојановски намали на 1-2 во 78. минута, но гостите немаа сила и за втор погодок против градскиот ривал.

Работнички е на третата позиција со 16 бодови, додека Шкупи се наоѓа на седмото место со девет бода.

Резултати - 8. Коло ПМФЛ:

Брера – Пелистер 4-0
Беса – Воска 1-0
Работнички – Шкупи 2-1
Струга – Гостивар 2-2
Тиквеш – Силекс 0-0
Шкендија – Вардар 4-0