Прв пораз за Торино: Лацио освои важни три бода!

Лацио славеше на незгодното гостување кај Торино со 3-2 во шестото коло од Серија А.

Гендузи беше стрелец на единствениот гол во првото полувреме, кога во осмата минута го матира Палеари за водство од 1-0 на Лацио.

По само 15 минути во вториот дел Диа погоди за предност на екипата од Рим со 2-0, но набрзо Адамс ја врати неизвесноста и намали на 1-2.

Во завршницата од регуларниот дел Нослин погоди за предност од 3-1, но во втората минута од судиското надополнување Коко погоди за конечни 2-3.

Торино остана на четвртото место со 11 бодови, додека Лацио е на шестата позиција со 10 бода.