Алкараз го прегази Грикспор за четвртфинале во Пекинг

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз оствари уште една убедлива победа во Пекинг, откако славеше со 6-1 и 6-2 против Талон Грикспор во осминафиналето на турнирот.

Холанѓанецот беше немоќен во првиот сет и не можеше да му парира на Алкараз кој славеше со 6-1, додека Шпанецот одличен беше и во вториот сет и стигна до 6-2.

Алкараз во следното коло ќе се соочи против Карен Хачанов, кој претходно со 2-0 во сетови го елиминира Франциско Серундоло.