Тен Хаг: Ќе освојуваме титули, но потребно е - трпение!

Манчестер јунајтед по пет одиграни кола во Премиерлигата се наоѓа на 11. место со само седум освоени бодови, па тоа предизвика нови критики на сметка на тренерот Ерик Тен Хаг.

Холанѓанецот, сепак, смета дека неговиот тим е способен да освојува титули и тоа ќе го направи во иднина, но повторно побара трпение од навивачите и раководството на „црвените ѓаволи“.

„Овој тим, во последните две години, покажа што може да направи ако имаме трпение. Ќе освојуваме титули, но потребно е трпение. Сега најважно е да влеземе во победнички ритам“, кажа Тен Хаг.