Меси со „бомба“ го спаси Интер Мајами од пораз (ВИДЕО)
Интер Мајами ремизираше трет меч по ред, но малку недостасуваше да го претрпи третиот пораз на домашен терен оваа сезона. Шарлот поведе во 57. минута за на средината од второто полувреме Меси со фантастичен удар да израмни и да се избори за бод за својот тим.
И покрај малата резултатска криза, Интер Мајами е убедливо на првото место во својата конференција со осум бода предност во однос на Колумбус, а малку недостасува да обезбеди предност на домашен терен до финалето од плејофот.