Гвардиола ќе го замени Родри со 23-годишен Италијанец

Актуелниот англиски шампион Манчестер сити тргна во потрага по замена за шпанскиот репрезентативец Родри, кој се повреди, а на радарот на премиерлигашот се наоѓа 23-годишен Италијанец.

„Гардијан“ пишува дека тренерот Пеп Гвардиола е заинтересиран за услугите на Самуеле Ричи од редовите на Торино.

Ричи е проценет на 22 милиони евра, а има договор со калчолигашот до јуни 2026 година, меѓутоа во јануари би можел да го облече дресот на „граѓаните“.