Се шири комплексот на Вимблдон - ќе има нови 39 терени

Раководството на Ол Ингланд клубот доби дозвола од властите на Лондон за ширење на тенискиот комплекс на Вимблдон.

Според планот за трансформација, најпознатиот тениски центар во светот ќе добие нови 39 терени, вклучувајќи еден со 8.000 места. Тоа ќе овозможи и квалификациите за Вимблдон да се играат во комплексот, а не како досега во Роухемптон кој е оддалечен околу шест километри.

„Планот е новите терени да се изградат на местото на поранешното игралиште за голф кое се наоѓа во близина. Тоа ќе биде од корист за локалното население, но и за целата британска економија“, изјави Жил Пајп, заменик градоначалник на Лондон.

Изградбата на новите турнири се очекува да трае повеќе од пет години. Локалното население остро се спротивстави и собра над 21 илјада потписи против процедурата.