Звезда гостува во Милано, навивачите ќе даваат поддршка од „Маракана“

На навивачите на Црвена Звезда им е забрането во живо да го гледаат мечот меѓу Интер и Црвена Звезда во второто коло од Лигата на шампионите откако таква одлука донесе полицијата во Милано.

Сепак, фановите ќе можат организирано да го следат мечот од трибините на стадионот „Рајко Митиќ“ во Белград, попознат како „Маракана“. Голем екран ќе биде поставен на западната трибина и се очекува да има голем број гледачи, особено ако времето биде убаво.

Во првото коло на домашен терен, Звезда доживеа пораз од Бенфика и потребен ѝ е добар резултат во Милано за враќање на самодовербата.