Еден од најважните луѓе во Њукасл се повлекува поради болест

Еден од главните луѓе во Њукасл во изминатиот период, извршниот директор Дарен Елс се повлекува од функцијата откако му беше откриена хронична форма на рак на крвта, потврди премиерлигашот.

Во Њукасл Елс кој има 52 години пристигна во јули 2022 година, а претходно работеше во МЛС лигата во редовите на Атланта Јунајтед каде што имаше улога на претседател и извршен директор од основањето на клубот во 2014 година.

Со него како извршен директор Њукасл играше финале во Лига купот кое го загуби од Манчестер Јунајтед.

Иако се повлекува, тој ќе продолжи да ја извршува функцијата до именувањето на негов наследник, но се очекува клубот брзо да му доведе замена.