Џунтоли: Ќе седнеме и ќе разговараме со Влаховиќ
Јувентус му предложи на Влаховиќ да му го продолжи договорот до 2027 година и да му ја намали платата на осум милиони евра и така договорените 24 милиони евра до 2026 да ги заработи во три, место во две години.
Но, српскиот напаѓач одби ваков компромис, а за медиумите зборуваше спортскиот директор Кристијано Џунтоли кој најави дека клубот ќе разговара со Влаховиќ.
„Кога во прашање е иднината на Влаховиќ нема проблем. Наскоро ќе седнеме и ќе разговараме. Играч како Влаховиќ не може да биде проблем. Целта е нов договор и верувам дека ќе се договориме. Тој е играч кој многу вреди и многу заработува, тоа е предност за нас“, изјави Џунтоли.
Во шестото коло од Серија А, Јувентус ќе игра против Џенова на гостински терен, а во досегашните пет клубот од Торино има две победи и три нерешени натпревари.