Ѓорческа во Куршумлиска Бања обезбеди полуфинале!

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа продолжи со добрите настапи на турнирот во Куршумлиска Бања и откако претходно ја елиминираше првата носителка, Пана Удварди денеска беше подобра од Данлила Јакуповиќ од Словенија.

Ѓорческа во мечот од четвртфиналето беше не загуби сет и беше подобра со 2-0. Во првиот македонската тенисерка ѝ дозволи на противничката четири гема, додека во вториот еден помалку.

По победата против Уварди Ѓорческа имаше и блага фаворитска улога против тенисерката која е на 252. позиција на ВТА листата, а на крајот истата и ја оправда.

За место во финалето Ѓорческа ќе игра против Србинката Лола Радивојевиќ која е 229. на ВТА листата и 12. носителка на турнирот.