Гвардиола потврди: Крај на сезоната за Родри!

Стратегот на Манчестер Јунајтед, Пеп Гвардиола денеска ги потврди претходните најави и стравувањата на навивачите на Манчестер Сити за повредата на Родри.

На шпанскиот репрезентативец денеска му била извршена операција на коленото и на него Гвардиола нема да може да смета до крајот на сезоната.

„На Родри утрово му беше направена операција. Ги оперираше предните вкрстени лигаменти и имаше оштетување на менискусот. За него оваа сезона е завршена и ќе се врати следната“, соопшти Гвардиола на прес-конференцијата за медиумите.

Тешката повреда Родри ја заработи за време на неделното дерби против Арсенал кое заврши без победник 2-2. За викендот Манчестер Сити му гостува на Њукасл и тој натпревар се игра утре во терминот од 13:30 часот.