Официјално: Саво Милошевиќ се врати на клупата на Партизан

По заминувањето на Александар Станојевиќ по дебаклот во дербито со Црвена Звезда нов тренер на Партизан ќе биде Саво Милошевиќ.

Легендарниот српски напаѓач се враќа на клупата на црно-белите и во својот втор мандат ќе се обиде да ги стабилизира работите, а сигурно дека нема да му биде лесно.

Промоцијата на МИлошевиќ е закажана за во понеделник, а веќе од вторник и ќе започне со работата со првиот тим.

Партизан беше првиот клуб во кoј работеше како главен тренер и тоа во сезоната 2019/2020 кога успеа да го освои Купот на Србија. По Партизан ги водеше само уште Олимпија Љубљана и репрезентацијата на Босна и Херцеговина, а во 2011/2012 како помошник беше дел од стручниот штаб на Црна Гора.

Договорот кој го потпиша со црно-белите е со важност од две години.