Објавена снимка од пукањето кон поранешниот турски репрезентативец (ВИДЕО)

Како што претходно беше објавено кон Акин било пукано по натпреварот помеѓу Фенербахче и Унион СГ во Лигата на Европа и тоа пред телевизиско студио во Бејкоз. Акин во телевизијата вил во улога на стручен коментатор.

На социјалните мрежи сега се појави и видео од нападот кон него. На видеото се гледа како напаѓачот дотрчува од улицата и пука кон Акин кој со уште неколку лица излегува од студиото.