Гатузо пред дуелот со Риека: Како фудбалер навредите ме полнеа со мотивација!

Во недела од 20 часот се игра големото дерби во Хрватска меѓу Риека и Хајдук, двете екипи кои со по идентични 17 бодови се на врвот на табелата во лигата.

Тренерот на Хајдук, Џенаро Гатузо беше запрашан дали навредите од трибините навивачите на Риека кон неговите фудбалери може да бидат фактор.

„По пет минути од почетокот на мечот ти навивачите тотално ги губиш од главата. Кога бев играч често ме навредуваа, но тоа мене ми беше дополнителна сила, дополнително ме полнеше со мотивација. Но кога ќе влезеш на мечот, звуците од трибината потполно исчезнуваат во главата“, вели Гатузо.

„Марко Ливаја исто така е играч со искуство, играше во најголемото дерби во Грција и сигурен сум дека навредите не го погодуваат. За време на коронавирусот видовме дека фудбалот без навивачи не е фудбал. Тоа како да гледате филм без звук, а кога се тука навивачите, тоа е како најдобро кино со најдобро озвучување. Мора да ја оправдаме довербата на навивачите кои ќе дојдат да ни дадат поддршка“.

Италијанецот вели дека во моментов Хајдук не е најдобар во лигата, но знае секого да измачи.

„Знаеме во моментов кои сме и каде сме. Сигурно не сме најсилни во оваа лига, но можам да кажам дека сме најздодевни бидејќи можеме секој да го намачиме. Играме против Тиека која во последно време даде многу голови од далечина, би бил задоволен ако го спречиме тоа“.

Гатузо соопшти и дека Александар Трајковски поради повреда нема да биде дел од натпреварот, Македонецот наскоро ќе се врати на тренинзите.