На навивачите на Барса им е забрането гостување во Белград!

УЕФА ѝ забрани на Барселона да продава влезници за следниот гостински натпревар во Лигата на шампионите поради расистички испади на мечот против Монако.

Следниот гостински меч на Барселона во ЛШ е против Црвена звезда во Белград, па за овој меч нема да имаат поддршка од своите навивачи.

Дополнително Барселона за ова доби и парична казна од 10.000 евра.