Јунајтед веќе го подготвил отказот за Тен Хаг, се бара негов наследник
Се очекуваше дека Манчестер јунајтед ќе се раздели со Холанѓанецот уште по крајот на минатата сезона, но клубот реши да му даде уште една шанса.
Работите не се променија, Јунајтед е на исто ниво како и претходно, полн со разочарувачки настапи и резултати за своите фанови.
Од клубот веќе ја почнале потрагата по негов наследник и наскоро би требало да му врачат отказ. Ова го тврдат англиските медиуми.