Фан на Мајорка заврши зад решетки поради расистичка навреда кон Винисиус

Конечно е донесена пресудата за настанот од февруари 2023 година кога Винисиус Жуниор расистички беше навредуван од фан на Мајорка.

Навивачот доби една година затвор, покрај тоа во наредните три години му е забранет пристап на сите стадиони, фудбал ќе може да гледа само од дома.

Винисиус постојано се жали дека е мета на расистички напади од трибините, па можеби оваа пресуда ќе биде пример и ќе ги промени работите.