Тен Хаг во свој стил: Ми треба уште време за да го доведам во ред Јунајтед!

Холандскиот стручњак, Ерик тен Хаг, ја почна третата сезона на клупата на Манчестер јунајтед, во која исто како и во претходните две работите не се одвиваат како што посакуваат навивачите.

Тој, сепак, не се разочарува и во свој стил вели дека му треба уште време за да ги доведе во ред „ѓаволите“. Манчестер јунајтед под водство на Тен Хаг од девет европски меча има само една победа, во Премиерлигата има разочарувачки резултати, никој не гледа напредок, но Холанѓанецот секогаш го вели истото -ми треба време.

„Инвестиравме во млади играчи како Хојлунд, Јоро, Зиркзе… Треба да ги изградиме нив, а за тоа потребно е време“, изјави Тен Хаг.

Менаџерот истовремено потроши многу пари и за искусни фудбалери, но резултатите никако да дојдат, па прашање до каде ќе оди трпеливоста на управата на клубот.