Митревски: Жал ми е што не ги израдувавме навивачи што патуваа толку далеку!
Битолчани се држеа некаде до 20. минута по која следеше голем пад. Романците со неколку контранапади успеаја да го „скршат“ нивниот отпор.
„Противникот имаше одлични контранапад, но и позиционирани напади во првото полувреме. Ние не одговоривме како што можеме. Нашите навивачи се одлични, им благодарам што патуваа до тука. Сакавме да ги израдуваме со победа, но жал ми е што на крајот не успеавме во тоа“, изјави голманот Никола Митревски, кој имаше 14 одбрани на оваа средба.
Пелистер сега мора да брзо да се собере, бидејќи веќе утре го чека дерби-пресметка со Вардар 1961 во рамките на Супер-лигата.