Легендарниот Саво Милошевиќ по вторпат на клупата на Партизан!

Неверојатни информациите за аналите ја илустрираат црно-белата дубиоза, со оглед што екипата на Партизан во рок од само седум дена ќе има дури - тројца тренери.

Александар Станојевиќ во понеделникот го предводеше тимот во 174-то вечно дерби против Црвена Звезда, на викенд-гостувањето кај Младост Лучани главен предводник од клупата ќе биде неговиот соработник, Бранко Вукашиновиќ, а на првиот ден од следната недела тренерската палка ќе ја преземе легендарниот Саво Милошевиќ.

Според српските медиуми, поранешен шеф на стручниот штаб ќе биде и идниот, бидејќи по неколкудневни преговори ја прифатил поканата на раководството да се зафати со деликатна работа. За него ова ќе биде враќање во Партизан по четири години по оставката од оваа позиција.

Милошевиќ по заминувањето од „Хумска“ кратко време работеше како тренер на Олимпија од Љубљана и пет натпревари беше селектор на Босна и Херцеговина.