Шпански судија удрен со шише во гради, па веднаш го детектира хулиганот (ВИДЕО)

Главниот судија на синоќешната пресметка од шпанската Ла Лига помеѓу Еспањол и Виљареал (1-2), Кинтеро Гонзалес, го навлече гневот на домашните гледачи поради неколкуте грешки на нивна сметка, поради што кога го напушташе теренот беше удрен со шише во градите.

Неговата реакција предизвика дополнителен интерес, бидејќи наместо да се превиткува и жали на болка, тој храбро погледна кон трибините и самиот го детектира хулиганот кој го погоди, со што им помогна на редарите да го предадат на полицијата.

Навивачите на Еспаљол, сепак, со право беа револтирани од начинот на кој судеше, со оглед што тој по средбата беше оценет со слаба оценка која дефинитивно ќе му донесе принуден одмор од неколку натпревари.