Официјално: Бјелица по четири години се врати во Динамо Загреб

Хрватскиот шампион Динамо Загреб денеска го промовира Ненад Бјелица за нов тренер и потпиша повеќегодишен договор, откако претходно од кормилото си замина Сергеј Јакировиќ.

Бјелица го тренираше Динамо од 2018 до 2020 година, при што освои титули во Суперлигата, Купот и Суперкупот, но потоа го прекина договорот и се пресели во Осиек.

Караницата со Здравко Мамиќ го натера Бјелица да си замине од Загреб, меѓутоа четири години подоцна се враќа да го „гаси пожарот“ по дебаклот против Баерн Минхен.

Динамо во моментов е на третата позиција со 13 бодови, односно има четири бода помалку од Риека и Хајдук Сплит.