Осум уапсени и девет хоспитализирани по битката на фановите на улиците низ Џенова
Италијанските медиуми денеска пишуваат за епилогот од инцидентот. Има осум уапсени, најмалку 15 со значителни повреди, а девет од нив се во болница.
Двата тима се немаа сретнато речиси две години, ултрас фановите на двата тима конечно дочекаа меѓусебен дуел, но ги поминаа границите.
Сампдорија ја победи Џенова на пенали и оди во следното коло од Купот на Италија, мечот во регуларниот тек заврши 1-1.