Летаа факели и шишиња: Хулиганска пресметка на мост во Џенова (Видео)

Навивачите на Сампдорија и Џенова имаа пресметка пред натпреварот на двата клуба во италијанскиот Куп.

Хулиганите најпрво ја нападнаа полицијата, а потоа се гаѓаа меѓусебе со факели, шишиња и други предмети.

Сампдорија го доби мечот против Џенова на пенали, откако во регуларниот дел беше нерешено (1-1).