Легендарниот Леман ќе плати 420.000 евра откако упадна кај сосед со - моторна пила!

Поранешниот германски голман Јенс Леман направи голем скандал во градот Штарнберг откако со моторна пила оштети гаража на сосед, па поради тоа доби парична казна од 420.000 евра.

Леман се скарал со соседот за гаражата, која му пречела во погледот кон езерото, а откако не успале да се разберат на цивилизиран начин, екс-голманот на Арсенал земал моторна пила и му го оштетил имотот.

Бившиот чувар на мрежата на Германија призна дека влегол во гаражата на соседот со моторна пила, но дека не може да се сети на останатите детали од инцидентот.