Кјелце ќе се бори со Барселона за финале на Супер Глоуб

Полскиот првак Кјелце денеска беше подобар од Таубате со убедливи 39-30 и така го освои првото место во групата Ц со што си закажа полуфинале на Супер Глоуб против Барселона.

Каталонскиот гигант претходно беше подобар од Министрос и Есперанца Тунис, па така со две победи го освои првото место во групата Д, додека полуфинале обезбеди и Ал-Ахли од групата Б, кој ќе се пресмета со Магдебург кој славеше против Ал Калеј (35-29).

Двете полуфинални средби се играат в сабота, а Кјелце и Барселона ќе се соочат од 19.30 часот.

Актуелен освојувач на титулата е Магдебург, кој минатата година во финалето ја шокира Барселона со 33-28.