Заре Марковски ја понижи Хрватска среде Задар

Кошаркарите на Романија, чиј селектор е Македонецот Заре Марковски, приредија вистинска сензација во третото коло од квалификациите за пласман на Светското првенство, совладувајќи ја Хрватска со 58-56 во Задар.

Хрватите ги претрпеа и третиот пораз во групата Д, каде по два триумфи имаат Романија и Италија, која со Холандија има (1-1) има натпревар помалку.

Хрватските медиуми го опишуваат овој натпревар како еден од најлошите во историјата на репрезентацијата, нагласувајќи дека играле против „романски аматери“.

И покрај очајната игра, Хрватите имаа плус седум по првиот дел, но во продолжението одиграа уште полошо и доживеаја дебакл од играчите на Марковски.

Романците ги предводеше Кути со 16 поени, а Кејт оствари дабл-дабл со 13 поени и 14 скока. Кај домаќините, Периќ беше најефикасен со 19 поени, а Зориќ постигна 11.