Симиќ со 16 години дебитира против сениори и одигра – мајсторски (ВИДЕО)

Македонската кошарка во 16-годишниот Теодор Симиќ (210 сантиметри) го добива можеби најперпективниот играч во историјата, епитето што тој секојдневно го потврдува, како што беше случајот на неодамнешното деби против сениорска екипа на која убедливо – доминираше.

Центарот на младинскиот тим на Барселона настапи против тимот составен од најдобрите играчи од шпанската Трета лига и воопшто не се исплаши, иако против себе имаше и двојно постари противници. Симиќ беше фантастичен на двете страни од теренот, реализираше под кошот, лесно постигнуваше тројки, а беше неминлив во рекетот.

Дека станува збор за голем бисер и играч на кого Барса сериозно смета во иднина, говори и фактот што тој иако има само 16 години веќе е регистриран за сениорскиот тим на Каталонците за настап во Евролигата.