Супер Нено со мајсторски влез ја потврди големата победа на Хувентуд во Андора (ВИДЕО)

Македонскиот кошаркарски интернационалец, Ненад Димитријевиќ, продолжува со одличните игри во новата сезона во дресот на Хувентус, откако синоќа беше меѓу најзаслужните за триумфот на неговиот тим на тешкото гостување кај Андора (89-87).

Најдобриот кошаркар кај нас за 2019 година на паркетот мина 28 минути, за кои реализира 12 поени, на кои додаде седум асистенции и три скока. Тој имаше фантастичен влез на стартот од последната минута од мечот, по кој реализираше кош и доби дополнително слободно фрлања, што се покажа како клучно за победата на екипата од Бадалона.

Ова беше трета победа во четвртиот меч сезонава за Хувентуд во шпанската Ендеса-лига.