Стручњаците предвидуваат: Македонија наскоро ќе го добие вториот кошаркар во НБА (ВИДЕО)

Македонскиот спорт во многу блиска иднина би можела да го добие вториот кошаркар во најсилната во светот, по Перо Антиќ кој играше две сезони во дресот на Алтанта хокс, откако американските стручњаци го ставија името на 16-годишниот Теодор Симиќ меѓу десетте најквалитетните кандидати високи 210 сантиметри и повеќе на кои им се предвидува настап во НБА-лигата.

Станува збор за македонски кадетски репрезентативец, кој беше и на поширокиот список селекторот на нашиот сениорски национален тим, Александар Тодоров, за февруарскиот циклус натпревари за пласман на ЕП 2021. Симиќ во моментов е член на големата Барселона, каде што настапува и со две-три години повозрасни генерации.

 

 

Тој во последно време е исклучително напреднат, што дополнително го искачува на листата „најжешки“ проспекти за скорешна преселба во некој тим од НБА. Во меѓувреме, тој постојано потенцира дека репрезентацијата на Македонија е единствена за која би настапувал.