Стефанов и Војновиќ за голем пресврт и прва победа на помладите кадети во Словенија!

Македонските кошаркарски репрезентативци на возраст со 14 години на фантастичен начин се вратија по катастрофалниот завчерашен пораз од Израел со 80 поени разлика, па денеска, по голема борба и пресврт, ја совладаа селекцијата на Бугарија со 79-75 во третиот меч од престижниот „Словенија бол“.

Клучна за победата на жолто-црвените беше одличната игра во последната четвртина, која ја добивме со двоцифрена разлика (25-14), која се покажа доволна за целосен пресврт. Ова е прв триумф на избраниците на селекторот Дарко Димитријевиќ по неуспесите против Црна Гора и израелската селекција. Најзаслужни за тоа беа Рубин Стефанов со 31 поен и Тео Војновиќ со 15 поени (четири тројки) додека двоцифрен поентерски ефект имаше и Филип Чолаковски со 12 поени.

Подоцна вечерва ќе ги одмериме силите со домаќинот Словенија (20.15 часот), додека утре и задутре се средбите за пласман.