Со лева, десна, хорок или шут: Македонскиот Сабонис ги полни кошевите како што – сака (ВИДЕО)

Екипата на Барселона за играчи до 18 година ќе игра на завршницата од младинската Евролига, откако доминантно триумфира на квалификацискиот турнир во Валенсија, за што меѓу заслужните беше и најперспективниот македонски кошаркар во моментов, Теодор Симиќ.

Нашиот џин со само 16 години одлично се снаоѓаше во конкуренција на постарите противници, покажувајќи им дел од својот раскошен талент. На турнирот поентираше буквално како што сака – со лева и десна рака, со хорок, но и со забивања и тројки во стилот на својот татко, поранешниот репрезентативец Тони Симиќ.

„Малиот“ Тео во Валенсија настапи на четири средби кои ги доби Барса и постигна вкупно 32 поени, заедно со 18 скока.