Синот на поранешен претседател на МКФ е именуван за нов спортски директор!

Владимир Темелковски, син на поранешниот предводник на македонската кошарка Зоре Темелковски, денеска и официјално е промовиран во нов спортски директор на МКФ, функција на која барем формално ќе го замени Заре Марковски.

Станува збор за поранешен кошаркар и пред сѐ бизнисмен, кој доаѓа од спортско семејство и чиј помал брат Славчо во моментов е член на првиот тим на Работнички.

„Целта на моето назначување на новата позиција е да ги подобриме односите меѓу федерацијата и медиумите. Сакаме заедно да ја подобриме спортската соработка со сите луѓе инволвирани кошарката. Наша заедночка цел треба да бидат полните сали и промоција и напредок на кошарката“, изјави Темелковски на денешната промоција.

Меѓу другото, една од задачите на новиот спортски директор во МКФ ќе биде и маркетингот односно промоцијата на кошарката во сите средина во државата. Без разлика на името на функцијата, тој нема да се меша во кошаркарскиот дел од работата во федерацијата туку ќе се сконцентрира на другите сегменти од овој спорт.