„Северна“ не им донесе среќа на македонските кошаркарски јуниорки (ВИДЕО)

Македонската женска репрезентација за кошаркарки до 18 години претрпе пораз во првиот натпревар од групната фаза на Европското првенство во дивизија Б што се игра во Скопје, откако со 44:59 загубија од селекцијата на Романија.

Инаку, оваа селекција се најде во ситуација прва да настапи со новото име на државата испишано на дресовите (Северна Македонија), но тоа не ни донесе среќа.

Избраничките на Жаклина Стојановска со текот на целиот меч беа во резултатска негатива, а следната шанса за прва победа ќе ја имаат за утре (18:45 часот) кога силите ќе ги одмерат против врсничките од Ирска.

Во нашата група се уште и репрезентациите на Словачка, Австрија и Грција.