„Секој кој излезе на теренот даде максимум, одиме да ја победиме и Грција“
Репрезентативката Александра Стојановска која средбата ја заврши со 15 постигнати поени ја истакна борбеноста на тимот.
„Честитки до мојата екипа, навистина се боревме и покажавме дека можеме од самиот старт, како шти ни кажа и тренерот на почетокот, го покажавме нашиот менталитет, секој што се појави на теренот даде максимум и придонесе да дојдеме до оваа прва победа. Верувам дека ова е само почеток на нешто убаво и нешто добро за нашата репрезентација.
За три дена Македонија ја очекува нов, потежок предизвик во кој ќе играме против Грција исто така на домашен терен.
„Грција е тежок противник, настапува на Европските првенства долги години, но ние сме мотивирани и одиме и тој натпревар да го добиеме“.
Средбата со Грција е закажана за во терминот од 18:00 часот.